Rss feed

Останати Спортови

среда, 22 февруари 2012, 13:31

Лотус се повлече од тестовите во Барселона

Лотус се повлече од тестовите во Барселона
Тимот од Формула 1 Лотус се откажа од тестовите во Барселона оваа недела. Причина за тоа е проблемот со шасијата која вчера беше воочена од тимот. Во главниот град на Каталонија тимот ја испроба за прв пат новата шасија, но Ромен Грожан беше принуден да ја прекине утринската сесија на првиот ден по само седум круга.

Во Лотус одлучиле воопшто да не одржуваат тестови, додека проблемот не биде целосно утврден и отстранет.

Пред две недели со првата шасија Кими Раиконен и Ромен Грожан ги поминаа сите тестови во Херес. Тогаш Лотус “изврте“ вкупно 1788 километри, но проблемот излезе на видело на брзата патека во Барселона.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.