Rss feed

Фудбал

среда, 22 февруари 2012, 23:31

Манчестер Сити се поигра со шампионот Порто и го исфрли од Лигата на Европа

Манчестер Сити се поигра со шампионот Порто и го исфрли од Лигата на Европа
Манчестер Сити го декласираше на домашен терен Порто со 4:0 во реванш натпреварот од 1/16-финалето во Лига Европа и со вкупен резултат 6:1 се пласираше во 1/8-финалната фаза на турнирот.

Головите за успехот на "граѓаните" ги постигнаа аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро (1), репрезентативецот на Босна и Херцеговина Един Џеко (76), Давид Силва (84) и Давид Пизаро (86).

Така Манчестер Сити се пласираше во 1/8-финалето, каде што ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Легија (Варшава) и Спортинг (Лисабон).

Првиот натпревар меѓу нив заврши 2:2 а се играше во Полска. Ова беше единствениот натпревар кој се одигра вечерва, додека реванш дуелите од останатите натпревари се играат утре.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.