Rss feed

Фудбал

среда, 22 февруари 2012, 23:51

Марсеј и Базел остварија минимални победи против Интер и Баерн

Марсеј и Базел остварија минимални победи против Интер и Баерн
Откако вчерашниот ден не се покажа добар за Реал Мадрид и Челзи, вечерва бевме сведоци уште на две изненадувања во Лигата на Шампионите.

Овој пат на ред беа Баерн Минхен и Интер да си заминат разочарани. Финалистите од пред две сезони загубија гостувањата во осминафиналето со ист резултат - 1:0.

Домаќините na финалето беа поразени од Базел, а шампионот од 2010 година отстапија од Олимпик Марсеј.

И во двата натпревари Победничките голови за домаќините паднаа кон крајот на регуларното време.

Во Швајцарија резерватa Стокер му ја донесе победата на својот тим во 85-та минута. Во Франција, пак, Аје го постигна победничкиот гол во последната минута од дополнителното време.

Реваншите се играат за две недели во Милано и Минхен каде ќе се одлучи кој ќе оди понатаму.



 

РУБРИКА Поврзани вести

Моментално нема вести кои се поврзани со оваа вест.


МРТ © 2010 - Сите права се задржани.